Постерите се секојдневие во нашиот живот. Тие ја информираат јавноста за сите случувања или за нови производи. За таа цел се прават во различни големини и различен тираж.
Ние можеме да ви понудиме постери со големина А1, А2, Б2 формат, печатени во боја, на квалитетна хартија, во голем тираж.
Но и постери кои се наменети за ограничена и наменска потреба, како на пример, за продавници, бутици, салони, каде се доволни и неколку парчиња.
Истотака, изработуваме и мали постери и поздравни-информативни банери. Тие се со димензија од 32 см х макс.120 см. Тие можат да се користат за да информираат за попусти, намалувања на цени, реклама за одреден производ, како и да честитате по повод некој празник, Нова Година или слично. Можат да имаат и пластични лајсни за полесно закачување.
Можеме да направиме и постери за потребите на научните работници кои се користат еднократно за презентација при конгреси, семинари и друго.
Димензијата е најчесто 90 х 120 см,
но може да биде и секоја друга.
Дизајнот на постерите е многу важен, па затоа дизајн студиото при ТРЕНЧ ќе ви понуди квалитетни идеи кои ќе ве одвојат од другите.
За овие потреби, можеме да извршиме и фотографирање на Вашите простории или производи.
Димензијата се одредува по желба на нарачателот.
Печатењето за мали количини и за брзо време се извршува на квалитетна дигитална машина, а за поголеми количини на офсет машина.
Цената зависи од количината и типот на хартијата, доработката - лакирање или пластифицирање и слично.