Тефтерите и нотесите се најчесто во формат А5, Б5 или А4. Истотака, најчесто, внатрешниот страни се печатат на 80 гр. хартија во една боја, додека корицата се печати на 250-300 гр биндек, во боја, и би требало да се пластифицира, поради трајност. Поврзувањето може да биде со лепење или шиење или со спирала. Понекогаш потребно е тефтерот/нотесот да биде со тврди корици, што и го работиме.
Дизајнот на кориците на тефтерите е многу важен, па затоа дизајн студиото при ТРЕНЧ ќе ви понуди квалитетни идеи кои ќе ве одвојат од другите и на книгата ќе и даде допадлив и привлечен изглед.
Печатењето, најчесто се работи на офсет машина.
Цената зависи од количината, типот на хартијата, бројот на страници, доработката - лакирање или пластифицирање и слично.