Ако ви се допаѓа страницава
и ако сте задоволни од соработката...
ДИПЛОМИ / СЕРТИФИКАТИ / БЛАГОДАРНИЦИ
По секое завршено предавање, обука, конгрес, семинар и слично, би требало на учесниците да им се додели Диплома или Сертификат. Понекогаш, во одредени околности организаторот доделува и Благодарници.
На сите овие може веднаш и да се испишат имињата.
За основните и средните училишта пополнуваме (компјутерски) Свидетелства.
Дизајнот на овие документи е многу важен, па затоа дизајн студиото при ТРЕНЧ ќе ви понуди квалитетни идеи кои ќе ве одвојат од другите и на Вашата свеченост ќе и даде професионален изглед.
Се изработуваат на висококвалитетна хартија, најчесто кунздрук 250 гр., но, во опција може да бидат и разни модни картони со различни површински структури и бои.
Димензијата се различни, најчесто А4.
Печатењето за мали количини и за брзо време се извршува на квалитетна дигитална машина, а за поголеми количини на офсет машина.
Цената зависи од количината, димензијата и типот на хартијата.