За ТРЕНЧ

Услуги

Дизајн и подготовка
Печатење

Издаваштво
„Книгофакт“
Хибридна пошта

Хостирање

plavoaero Рекламни материјали
   
plavoreklamno АЕРО фото/видео

 

Контакт

 

Ако ви се допаѓа страницава и ако сте задоволни од соработката...  

 

ПОКАНИ

     

За Вашите свечености, промоции, забави, родендени и други собирања - секогаш се потребни и висококвалитетни покани.

Со нив, ја истакнувате важноста на собирот, професионалноста, честа и задоволството со кое ги известувате и поканувате вашите бизнис или семејни пријатели. Според Вашиот однос кон поканата, така и поканетите ќе се однесуваат спрема случувањето што го организирате.

Тие можат да бидат деловни, семејни, детски и др. На деловните покани може на задната страна да промовирате одреден производ, или програма на средбата. Или ако се работи за детски роденден, можеби мапа каде ќе се одржува.

Дизајнот на поканите е многу важен, па затоа дизајн студиото при ТРЕНЧ ќе ви понуди квалитетни идеи кои ќе ве одвојат од другите и на Вашата свеченост ќе и даде професионален изглед.

Се изработуваат на висококвалитетна хартија, најчесто кунздрук 250 гр., но, во опција може да бидат и разни модни картони со различни површински структури и бои. Може да бидат еднострани или двострани. Димензијата се различни, а почесто изнесува 10х20 см, но може да биде и со преклоп.

Печатењето за мали количини и за брзо време се извршува на квалитетна дигитална машина, а за поголеми количини на офсет машина.

Цената зависи од количината, димензијата и типот на хартијата.


 

Визит карти, ИД картици
Пластични картички
Покани
Честитки
Букмаркери
Флаери
Меморандуми
Фактури/Испратници
Брошури, Семинарски
Списанија, Каталози

Тефтери / Нотеси
Книги

Папки
Постери
Календари
Налепници
Коверти
Декларации

ЦД/ДВД
Дипломи / Сертификати
Хартиени нараквици
Влезници

 

Top