Ако ви се допаѓа страницава
и ако сте задоволни од соработката...
ПАПКИ
Презентациските папки се многу едноставни. Тие ги содржат маркетинг материјалите и тие мора да изгледаат убаво, поради тоа. И изработката треба да биде лесна, зарем не?
За изработка на папки се користи 350-400 гр. биндек или кунздрук, со џепови од едната или од двете страни.
По печатењето, тие треба да се лакираат или да се пластифицираат, а за да добијат финален изглед, потребно е да поминат низ штанц-машина. За таа потреба се користат веќе готови штанц алати или, за уникатен изглед, се прават нови штанц-алати.
Дизајнот на папките е многу важен, па затоа дизајн студиото при ТРЕНЧ ќе ви понуди квалитетни идеи кои ќе ве одвојат од другите и на Вашата организација ќе и даде професионален и уникатен изглед.
Печатењето за мали количини и за брзо време се извршува на квалитетна дигитална машина, а за поголеми количини на офсет машина.
Цената зависи од количината и типот на хартијата, доработката - лакирање или пластифицирање и слично.