Хартиените нараквици имаат најширока употреба за настани кои се од еднократен карактер. Направени се од Tivek материјал, кој обезбедува издржливост, водоотпорност, лесно поставување на рака, економичност и удобност.
Важно е да се нагласи дека една величина одговара на сите, благодарејќи на лепливите завршетоци со кои се регулира големината спрема зглобот.
Тука се и безбедносните резови кои спречуваат одлепување без кинење. Не можат да се скинат, но, затоа лесно можат да се исечат со ножици, што е одлично за краткорочна употреба.
Најчесто се користат на музички и спортски манифестации, ноќни клубови, дискотеки, забавни паркови, на организирани излети и слични краткотрајни настани.
Хартиените нараквици ги има во разни бои со можност за допечатување на лого или текст, со што се зголемува безбедноста т.е. намалува можноста од фалсификат. Уште поголема безбедност се постигнува ако се отпечатат баркодови или сериски броеви.
Предност на хартиените нараквици:
- еднобојни или со печатење
- непреносливи
- една величина одговара на сите
- лесни за носење
- водоотпорни
- можност за нумерирање
- брза изработка
. |